Тројца министри за надворешни работи на земји-членки од ЕУ денеска во Скопје

од Nikola Popovski
383 прегледи

Тројца министри за надворешни работи – австрискиот Александар Шаленберг, чешкиот Јан Липавски и словачкиот Мирослав Влаховски денеска пристигнуваат во посета на Македонија, соопштија од Министерството за надворешни работи.

Тројцата шефови на дипломатијата се овластени од високиот претставник за надворешни работи на Европската унија, Жозеп Борел, да ги пренесат официјалните ставови на ЕУ за прашања поврзани со досието за европска интеграција на Република Северна Македонија.

Покрај средбата со министерот за надворешни работи, Бујар Османи, тројцата ќе имаат средби и со шефот на државата, Стево Пендаровски и со претседателот на Собранието, Талат Џафери, како и со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски.

Одделни средби ќе имаат и со пратеници од опозицијата и од владејачката коалиција, информираат од МНР.

Слични содржини