Јанчева побара оставка од Арсовска: Што е следно да останеме без вода и да ќутиме?

од Nikola Popovski
286 прегледи

Координаторката на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева го критикуваше односнот на градоначалничката Данела Арсовска и нејзиното недоаѓање на вонредната седница по повод собирањето на отпадот низ градот и состојбите во ЈП „Комунална хигиена – Скопје“. Според неа, ова е крајно игнорантски однос кон органот Совет на Град Скопје.

-Повторно молк. Но, тоа не значи дека ние како советници не сме одговорни како што е неодговорна, нечесна и непринципиелна градоначалничката Арсовска. Освен што го блокираше град Скопје, сега го затрупа, следно што треба да очекуваме? Да останеме без вода и да ќутиме? Градот беше оставен без било каква информација. Што доживеавме? Имавме 48 часа молк, градот затрупан во ѓубре на 40 степени и никому ништо. Сега е празно столчето каде седи градоначалничката. Секогаш кога сме имале вакви ситуации и сме поднесувале иницијативи, сме оставале разумен рок. Нам ни се случи катастрофа. Градот се чистел и три точки, рече Јанчева од говорницата во Советот.

Советничката побара Арсовска да си поднесе оставка.

-Градоначалничката треба да ја напушти функцијата и да си замине. Градоначалничке Арсовска, заминете си, дајте си оставка, ослободете го  градот додека не сме доживеале било каква еколошка катастрофа, истакна Јанчева.

 

Слични содржини