209
Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска разговараше со нордиските лидери во финската претседателска палата, за време на неговата посета на најновата членка на НАТО.
Бајден отпатува во Финска, која ја дели границата со Русија, директно од овонеделниот состанок на НАТО во Вилнус, за да учествува на американско-нордискиот самит со лидерите на Финска, Шведска, Данска, Исланд и Норвешка, објави „Ројтерс“.
Тој ќе одржи заедничка прес-конференција со финскиот претседател Саули Нииниста пред да се врати во Вашингтон.