Вучиќ: Србија минатата година беше единствената земја во поширокиот регион која имаше зголемување на бројот на новороденчиња

од Vladimir Zorba
287 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, истакна дека минатата година Србија била единствената земја во поширокиот регион која имала пораст на бројот на новороденчиња, а на тоа влијаеле два важни показатели – едниот е давање повеќе пари на семејствата со новороденчиња и помала стапка на миграција и почеток на враќање на луѓето во земјата, а сега ќе воведат и системски мерки за петто и шесто дете.

„Во Србија постојано се води кампања дека државата не се грижи за болните деца, но сакам луѓето да знаат дека Србија денес е меѓу петте земји во однос на нивото на поддршка за децата и пациентите со ретки болести и многу поголем број деца се испраќаат и на лекување и на дијагностика во странство“, нагласи Вучиќ.

Вучиќ рече дека до крајот на годината државата ќе одвои 30 милиони евра за ретки болести и за лекување во странство и додаде дека за спинална мускулна дистрофија ќе се воведе, овие тестови, да се прават на секое дете во Србија веднаш по раѓањето, почнувајќи од септември.

Слични содржини