Пукнатини на стаклата на мостот „Око“: Ангелов предупредува да не се гази, од Град Скопје велат нема да се скршат

од Nikola Popovski
422 прегледи

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов денеска информираше дека се појавиле пукнатити на стаклото по кое се поминува на мостот „Око“ во центарот на Скопје.

Како што рече Ангелов, мостот е стабилен и во одлична состојба, но стаклата се напукнати.

Ние го известивме Градот Скопје дека добивме пријава. Преставници на Градот во непосредна комуникација со мене ми кажаа дека ваквите стакла се безбедни и работат на нивна замена бидејќи се специфични, рече Ангелов на прес-конференцијата на тема „Состојбата со мостовите“.

Додаде дека најверојатно станува збор за вандализам. За секој случај, истакна директорот на ЦУК, не е лошо граѓаните да не газат по овие пукнатини.

Имаме укажувања од градот дека нема да се скршат, рече Ангелов.

Тој посочи дека кај мостот на Башино село се прават напори за целосна санација. Додека кај мостото во село Ланце загрозена била стабилноста на мостот.

-Во село Ланце заклучивме дека градоначалникот е прилично немоќен, бидејќи станува збор за мост изграден пред педесетина години, тука на еден од столбовите е видлива вертикална пукнатина која верувам дека се одразува врз стабилноста на мостот, преку овој мост минува голем број на граѓани кои ги извршуваат земјоделските обврски, затворањето би предизвикало голем проблем но ваков каков што е не сум сигурен колку е безбеден, рече Ангелов.

ЦУК го посетиле и мостот на реката Пчиња, за кој увиделе дека е во исклучително лоша состојба.

-Стапивме во комуникација со градоначалникот од Куманово, веднаш ангажира стручни лица и го извести МВР. Ангажира експерт од Институтот за сеизмички градби и климатски промени. Мостот мора да се санира или да се руши и изгради нов е мислењето на Институтот. Се додека не се преземат мерки за санација мостот е ризичен и треба да се забрани за користење, појасни Ангелов.

Додаде дека и на мостот во влизина на село Секирник кај реката Струмица состојбата, исто така била алармантна.

-Состојбата е алармантна, како што може да зебележите на сликите столбот целосно е паднат во вода, еден столб нема, изјави тој.

Извршена била и посета на три моста кај Крива Река, за кои рече дека биле мали, но од животно значење.

-Има еден импровизиран мост тоа се диви мостови не се изработени со градежна дозвола граѓаните сами ги правеле и сите три се небезбедни, појасни Ангелов.

Исто така, Ангелов информира дека мостот во Визбегово е во многу лоша состојба и испрати апел до Град Скопје да постави импровизирана ограда.

Информира дека биле известени сите надлежни институции и ги повика граѓаните да пријавуваат било какво оштетување или нестабилност на некој мост.

Слични содржини