204
Белоруското министерство за одбрана денеска соопшти дека борци на паравоената група „Вагнер“ обучуваат белоруски војници во камп во близина на градот Осиповичи.
Во соопштението објавено на Телеграм, се наведува дека борците на паравоената група се инструктори на серија воени вежби.
„Регрутите ги усовршуваат вештините за преместување на бојното поле и тактичко гаѓање, тие се стекнуваат со знаење од тактичката медицина“, соопшти белоруското министерство.