Во Америка срушен црниот рекорд по бројот на жртви во масовните престрелки: Повеќе мртви од кога било досега

од Radmila Tasevska
363 прегледи

Во првите шест месеци од оваа година, најголем број масовни убиства се забележани во САД, покажа истражувањето на агенцијата АП и Ју-Ес-Еј Тудеј.

Според извештаите, од 1 јануари до 30 јуни во САД се случиле 28 масовни убиства во кои биле убиени 140 луѓе.

Сите убиства се со оружје, освен еден случај во кој маж подметнал пожар.

Претходниот рекорд беше забележан во втората половина на 2022 година, кога за шест месеци се случија 27 масовни убиства.

Масовно убиство се дефинира како настан каде четири или повеќе лица, не вклучувајќи го напаѓачот, се убиени во период од 24 часа.

Слични содржини