302
На 14.07.2023 во 10.45 часот во с.Трогирци, општина Карбинци, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода С.М.(37) од Штип.
Тој се сомничи дека на 13.07.2023 во 18.30 часот на крстосница на ул.„Сремски Фронт“ и ул.„Солидарност“ во Штип физички нападнал малолетник од струмичко и одзел пари.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.