Компаниите на ЕСМ за топлинска енергија бараат покачување на парното во Скопје

од Stefanija Kuzmanovska
462 прегледи

Трите компании на ЕСМ поднеле барање до Регулаторната комисија за енергетика за поскапување на парно-греењето во Скопје за втората половина од годината.

Збирот на барањата имплицира крајно зголемување на цената од 54,2 проценти, потврди претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски.

Комисијата ќе ги разгледа детално нивните трошоци и за околу десетина дена би требало да биде позната новата цена на парното, која ќе важи од први август.

Според Бислимовски, одлуката за цената најмногу ќе зависи од проекциите за цената на природниот гас на интернационално ниво.

ДДВ за топлинската енергија останува 5 отсто.

Слични содржини