Гир: Внесувањето на Бугарите во Уставот не е закана за идентитетот

од Stefanija Kuzmanovska
521 прегледи

Евроамабсадорот во земјава Дејвид Гир уверува дека внесувањето на Бугарите во Уставот не е спротивно на државните интереси или закана за идентитетот.

„Доколку се спроведат уставните измени, тогаш следниот чекор ќе се случи автоматски, без можност за вето и дополнителни одлуки. Политичкиот консензус во Македонија е клучот за уставни измени, напредокот и пристапувањето на земјата кон Европската Унија“, оценува евроамбасадорот Гир во интервју за МИА.

Гир вели дека не може да се дадат гаранции дека во иднина нема да има блокади за Македонија, а доколку има такви – очекува да бидат поради неспроведени реформи кои ги бара Унијата од државите кои преговараат. Сепак, евроамбасадорот уверува дека вратата за Македонија е веќе отворена, а до втората меѓувладина конференција нема можност за нови услови.

„Сметам дека е важно, кога се гледа на уставните измени и кога истите ќе бидат објавени, бидејќи се уште чекаме на конечниот текст, да има отворена дебата и сите политичари да се однесуваат на одговорен начин и да ги стават интересите на државата на прво место, да го видат текстот и да се уверат што всушност се предлага“, изјави Гир.

Слични содржини