„Ќе ви кажам кога ќе се исклучат камерите“: Путин зборуваше за контраофанзивата на Украина

од Stefanija Kuzmanovska
769 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин позитивно го оцени текот на специјалната воена операција во Украина, истакнувајќи дека руските војници се однесуваат херојски, а сите обиди на непријателот да ја пробие одбраната „не беа успешни во текот на целата офанзива“.

Ова се наведува во видеото кое денеска го објави новинарот Павел Зарубин на својат Телеграм.

„Оценката е позитивна. Нашите војници се однесуваат херојски. Неочекувано за непријателот, нашата армија сама оди во офанзива во некои области, ги зазема најповолните позиции, како високи згради и така натаму“, рече Путин, пренесе РИА Новости.

Тој оцени дека сите обиди на украинскиот непријател биле залудни.

„Непријателот нема да успее“, рече Путин.

На прашањето кои се следните задачи на Руската Федерација, Путин му ветил на новинарот дека ќе му одговори, но без камери.

„Ова ќе ви го кажам посебно кога ќе се исклучат камерите“, одговори Путин.

Слични содржини