Голем метеж на „Богородица“, за излез од државата се чека еден час

од Nikola Popovski
219 прегледи

„Инвазија“ од туристи во Грција, возила во пет колони на граничниот премин „Богородица“ – е сликата што уште од утрово може да се види на камерите на Јавното претпријатие за државни патишта. Според Авто-Мото Сојузот на Македонија, се чека околу еден час за излез од државата.

-Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата, појаснуваат од АМСМ.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Слични содржини