Сообраќајот на мостот Крим, кој ги поврзува полуостровот Крим и руската област Краснодар, е запрен поради „вонредна ситуација“, објави во понеделникот прорускиот гувернер Сергеј Аксјонов.
Тој исто така ги повика жителите да не го преминуваат мостот.
Без да даде детали, Аксјонов на Телеграм соопшти дека вонредната ситуација се случила на 145-от столб од мостот.
Украинската новинска агенција РБЦ јави дека на мостот се слушнале експлозии.
Рускиот телеграмски канал „Сива зона“, кој е поврзан со групата „Вагнер“, објави дека мостот бил нападнат двапати по 3 часот по локално време.
„Ројтерс“ не можеше самостојно да ја потврди веста. Украина се уште не коментира ништо.
Русија го анектира Крим во 2014 година. Мостот долг 12 милји беше оштетен во експлозија во октомври минатата година, во нападот кој Москва го изведе од украинските безбедносни сили. Украина индиректно ја призна одговорноста дури неколку месеци подоцна.