Американец кој бил во руско заробеништво: „Не мачеа на начини како во филм, но беше реално“

од Stefanija Kuzmanovska
534 прегледи

Поранешниот американски војник Александар Друек бил заробен за време на жестока битка против руските сили во близина на Харков минатиот јуни. Откако Русите го ослободиле од заробеништво, тој раскажал како бил убеден дека ќе умре. Многумина претпоставуваа дека по три месеци во заробеништво, тој повеќе нема да размислува за враќање во Украина.

Сепак, Друек сега се врати во Украина за да им помогне на напорите на украинските сили. Во интервју за ABC News, тој објасни зошто одлучил да ја напушти Алабама и повторно да се упати кон исток.

„Се чувствувам прилично добро. Знаете. Украина ми е како втор дом, па затоа е убаво да се биде повторно дома“, објасни тој.

Поминал 105 дена во заробеништво

Тој тврди дека не се вратил во борбата и дека не сака премногу да се доближува до руските линии.

„Јас сум обележан човек и мислам дека ја добив мојата втора шанса за живот. Значи, ако повторно ме заробат, ќе исчезнам. Првиот пат кога дојдов, се чувствував како да имам многу да дадам на украинскиот народ, на нивната војска. А сега чувствувам дека имам уште повеќе“, рече Друек.

 

„Сега можам да зборувам за тоа како некој треба да се однесува откако ќе биде заробен и како да останат живи ако случајно ги фатат. Затоа чувствувам дека имам многу да им дадам“, додаде тој.

Друек, ветеран од војната во Ирак, се приклучил на единицата на странски борци што се бореле на украинската страна минатото лето.

Тој бил заробен заедно со Енди Хујн, друг американски воен ветеран. Тие поминаа 105 дена во заробеништво додека не беа ослободени во размена на затвореници со помош на Саудиска Арабија и Турција.

„Беше прилично тешко. Мислам, не мачеа на начини на кои мислев дека се случуваат само во филмовите, но не, тоа беше реално“, се сеќава тој.

„Сакам оваа војна да заврши“

„Длабоко ме погоди. Изгледа смешно да се каже тоа, но на многу начини имав среќа што веќе имав PTSP од Ирак… Дојдов во ситуацијата малку поподготвен, но бев во самица еден месец и чекањето смрт во руски затвор два, два и пол месеци ви дава многу време за размислување. Многу време за интроспекција“, продолжи тој.

 

„Научив многу за себе. И сфатив дека имам втора шанса за живот. Безброј пати ме делеше помалку од секунда од смртта. И затоа се трудам да правам позитивни работи, што е една од причините зошто се вратив овде во Украина. Сакам да направам добри работи во својот живот“, истакна Друек.

Се осврна и на тоа што мисли неговото семејство за одлуката да се врати во Украина.

„Многу од моите пријатели и семејството беа многу загрижени за моето враќање… Овој пат сум принуден да се вратам затоа што сакам оваа војна да заврши“, заклучи тој.

Слични содржини