Руската армија спречи обид на Киев да изврши терористички напад со помош на 28 дронови на територијата на Крим, соопшти денеска министерството за одбрана на Русија.
„Вечерва беше спречен обид на режимот во Киев да изврши терористички напад со 28 беспилотни летала врз објекти на територијата на полуостровот Крим“, стои во соопштението, пренесува РИА Новости.
Се прецизира дека 17 дронови биле уништени од руската ПВО, а дека останатите 11 биле елиминирани со електронска борба.