Приведен скопјанец по распишана централна потерница

од Nikola Popovski
235 прегледи

На 17.07.2023 околу 23.00 часот на бул.„Македонско – косовска бригада“ во Скопје, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги, во координација со полициски службеници од Полициското одделение Шуто Оризари го привеле Ќ.Д.(36) од Скопје.

Тој бил баран по распишана централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната.

Слични содржини