Стојаноска: Европската тројка ни рече дека ова е последниот воз и да го фатиме бранот

од Nikola Popovski
294 прегледи

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска денеска откри за што станало збор на вчерашната средба на министрите за Европа на Франција, Германија и Полска со раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

-Повторно нова постава на европски комесари. Ставот нема да го промениме. Од нивна страна се кажува дека ова е последниот момент, фатете го бранот, ова е последниот воз. Ние повторуваме дека на неколку наврати разни ликови доаѓале во Македонија и ни го кажувале истото, но и после 15,16 години Република Македонија не е членка на ЕУ и нема започнато преговори. За жал сега сме пред врата на ултиматум. Ставот само го повторивме. Нема отстапено ниту милиметар од претходниот став, рече Стојаноска како одговор на новинарско прашање.

Пратеничката остана децидна дека партијата нема да гласа за уставните измени и внесување на Бугарите во Уставот.

 

Слични содржини