Што ќе значи новото движење на Меџити за уставните измени: „Секој пратеник од помалите партии може да ја условува власта и сè да зависи од еден глас“

од Nikola Popovski
633 прегледи

Неформалниот лидер на „Огнената група“ Изет Меџити целосно да се оддели од својата матична партија ДУИ поради несогласувањата што ги има со раководството. Најави формирање на свое политичко движење, во кое како што вели, ќе негува внатрешна демократија и унапредување на статусот и правата на Албанците. Новата политичка сила на македонската сцена засега нема име, а во неа освен Меџити ќе бидат и пратениците Мерита Коџаџику и Кастриот Реџепи, градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу и поранешниот заменик-министер за одбрана Башким Хасани. На ваквата идеја јавно се спротивставија, други членови на ДУИ кои се дел „Огнената група“, како што се Блерим Беџети, Муса Џафери и Невзат Бејта.

Берат Азизи

Засега не е познато каква ќе биде реакцијата на останатите партии, пред се од албанскиот блок и дали ова ќе се одрази на процесот за уставни измени во Собранието, со оглед дека тројца пратеници од ДУИ понатаму ќе делуваат како опозиција. Политичкиот аналитичар Берат Азизи во разговор за „Локално“ вели дека ваквото делување било извесно со оглед дека „Огнените“ како фракција не можат да делуваат. Тврди дека ставовите помеѓу Меџити или „Огнената група“ што беше на почетокот со ставовите на партијата ДУИ беа многу различни и невозможни да се обединат.

Барањето на групата на Меџити за разрешување на Груби, за лидерот на ДУИ беше неприфатлива. Реално јас не очекувам одговор од страна на ДУИ бидејќи тие рекоа дека секој има право да формира партија, да не се согласува со одлуките на партијата или со некој функсионер, но на крајот лидерот на партијата одлучува кој има право и кој нема. Од друга страна мислам дека дел од активистите и гласачите на ДУИ сега ќе преминат на редовите на новата политичка партија која сигурно ќе ја предводи Изет Меџити. Реакции и провокации ќе има од двете страни бидејќи тие биле дел од власта и од партијата неколку години и сите ги знаат кој што направил, ни рече Азизи.

На прашањето дали движењето на Меџити, заедно со Беса и Алтернатива, можат да го срушат ДУИ, аналитичарот вели дека ако опозицијата оди со една листа на парламентарните избори, ќе биде многу интересни и може да доведе до промени.

Од друга страна ако целта на лидерите на опозициските партии е само да обезбедат некое место во Собранието без јасна програма и платформа, тогаш ќе служат само како декор. Мислам дека новата партија на Меџити, БЕСА и Алтернатива на идните избори ќе одат заедно со цел да го срушат ДУИ од власта. За ова тие треба прво да имат нови имиња кои не беа дел од власта, луѓе со кредибилитет, некорумпирани и спремни за да инсталират нов модел на демократија и правна држава. Само со чиста програма за борба против корипција и криминалот, за развој на економијата за соработка со ЕУ и САД можат да донесат нешто ново, во спротивно нема да имаат успех на изборите, дециден е соговорникот.

За тоа дали со „преминот“ на тројцата пратеници од ДУИ во опозиција, се загрозува процесот за мнозинство за евентуалните уставни измени, Азизи вели дека „појасот околу Ковачевски за првпат се стегнува многу бидејќи 61 еден пратеник отвара многу дилеми и е нестабилна варијанта“.

На оваа позиција што е сега владата, секој пратеник од помалите партии може да ја условува власта и цела владата да зависи од еден глас. Сега кога владата бара 81 пратеник за уставните промени, бројката од 61 е многу ризична, не само за уставните промени туку и за опстојување на власта. Од досегашна практика се знае дека владата мора да започне разговори со некој пратеник или партија за да обезбеди стабилно мнозинство, но сега е многу тешко бидејќи кога почнуваат разговорите тогаш на маса е цената и желбите. Патот кон ЕУ бара уставни промени за кои не се спремни ни власта ни опозицијата, оценува аналитичарот.

Башким Селмани

Универзитетскиот професор Башким Селмани исто така се согласува формирањето ново опозициско движење со тројцата пратеници од ДУИ ќе влијае врз процесот на уставните измени.

Сега секоја бројка е во интерес на сите граѓани. Долго време чекаме да бидеме дел од ЕУ и секој глас ќе остави последици. Сепак верувам дека Изет Меџити знае иднината на државата е во ЕУ. Секој што мисли поинаку е против интересот на нашите граѓани, рече Селмани за „Локално“.

Порачува дека ниту еден пратеник или граѓанин не треба да биде против иднината на државата.

Сега се што може да биде испратено од интересите на Македонија, нема да биде успешно за партиите и пратениците. 30 години не лажат дека иднината ни е во ЕУ. Самите граѓани се убедени дека ќе успееме, нагласува професорот.

Соговорникот е дециден дека гласачите на ДУИ повеќе му веруваат на лидерот Али Ахмети и дека новото политичко движење нема да ја загрози најголемата албанска партија.

Ќе видиме дали Меџити ќе биде поддржан и од други членови бидејќи има незадоволство. Не верувам дека ќе се постигне целта со оглед дека овие актери на политичко дејствувае имале големи функции. Прашање е дали не се задоволно во однос на материјалните и финансиските интереси или идеалите на граѓаните, ако знаеме дека од незадоволни гласачи преминувале во други партии како ДУИ. Праксата го докажува другото. Кај сите партии, нивниот приоритет е материјалното отколку албанското прашање, рече Селмани.

Н.П.

Слични содржини