Рускиот претседател Владимир Путин нема да присуствува на самитот на БРИКС во Јоханесбург, соопшти кабинетот на јужноафриканскиот претседател.
Како што се наведува, наместо Путин во Јоханесбург ќе дојде рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
„Според меѓусебниот договор, претседателот Путин нема да дојде на самитот. Руската Федерација ќе ја претставува министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров“, се наведува во соопштението.
Самитот ќе се одржи во периодот од 22 до 24 август. На настанот покрај првиот човек на земјата домаќин ќе присуствуваат и лидерите на НР Кина, Бразил и Индија.
Да потсетиме, со месеци се шпекулираше дали Путин воопшто ќе оди во Јоханесбург, а откако Меѓународниот кривичен суд (МКС) во март издаде налог за апсење на Путин за наводни воени злосторства во Украина, кои Јужна Африка, како членка на МКС, официјално е должен да спроведе.