451
Шефот на МИ6, Ричард Мур изјави дека шефот на паравоената група „Вагнер“ Евгениј Пригожин деновиве отишол на чај со рускиот претседател Владимир Путин.
Шефот на британската тајна разузнавачка служба изјави дека тоа е интересен развој на настаните, со оглед на тоа што Путин претходно го опиша Пригожин како „предавник“, пренесува Sky News.
„Овие работи се мистерија дури и за мене. Пригожин за време на појадокот беше предавник, потоа помилуван на вечера, а неколку дена подоцна беше поканет на чај“, изјави Мур за време на настан организиран во британската амбасада во Прага.