443
Пејачката Мадона (64) на крајот на минатиот месец заврши во болница поради тешка инфекција.
Минатата недела таа за првпат од тогаш се огласи со емотивна порака, а сега на Инстаграм ги сподели првите фотографии по излегувањето од болница.
На фотографијата ја гледаме како гушка виолетово плишано мече, а објави и фотографија на која гушка рози.
View this post on Instagram
„Една роза може да биде мојата градина. Еден пријател може да биде целиот мој свет. Ви благодарам“, напиша таа под оваа објава.
Мадона моментално е на домашна нега, а нови детали за здравствената состојба на поп дивата објави нејзината долгогодишна и блиска пријателка Роузи О’Донел.
„Добро ѝ оди и се опоравува дома. Многу е силна“, напиша Роузи во одговорот до обожавателите.