Државната комисија за спречување на корупција бара кривично гонење на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, за која како што велат, постапила спротивно на законот при именување на Драган Илиевски за нов в.д директорот во скопската Зоолошка градина
Незаконското поставување на Никола Алексов за директор на МКЦ неодамна го потврди и Управниот суд.
Арсовска, спротивно на законот за в.д. директори на МКЦ и Зоолошка именувала лица кои не биле вработени во овие јавни установи што е спротивно на чл. 31 од Законот за култура кој предвидува именување на в.д. директори од редот на вработените во тие установи и со мандат од само 6 месеци.
Инспекторатот утврдил дека претходниот директор Кристијан Стаменов бил разрешен од функцијата, додека две недели подоцна е именуван Драган Илиевски. ДКСК констатира дека пријавата и документите ги содржат потребните акти со кои се утврдува наведената постапка, ваквото постапување на градоначалникот на Град Скопје упатува на преземени активности за именување на лице за вршител на должност на јавна установа спротивно на членот 34 став 1 од Законот за култура што претставува основ за сомневање за сторено кривично дело а тоа е злоупотреба на службената положба и овластување, појасни претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска.
Ивановска истакна дека од нивна страна ќе биде поведена иницијатива до ОЈО за поведување постапка кривично гонење, поради сомневање за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, против Арсовска.