Српските цариници запленија роба вредна 20.000 евра која требала да заврши во Македонија

од Nikola Popovski
818 прегледи

Српската Царинска управа информира дека денеска на терминалот Келебија, во соработка со полицијата спречиле обид за криумчарење разна стока, чија вкупна вредност се проценува на повеќе од 20.000 евра.

Според информациите, прекршокот бил откриен во вторник, на 18 јули, кога камион со странски регистарски таблички, кој според транзитната документација превезувал стока од Данска кон Северна Македонија, бил издвоен за детален преглед при влез во Србија.

При увидот, царинските службеници во просторот предвиден за складирање на алат, од двете страни на приколката на камионот, како и во кабината над креветот пронашле поголема количина сокриена роба.

Споменатиот простор бил полн со чанти и кутии во кои имало машка, женска и детска облека, а на нив имало етикети на познати брендови.

Освен облека, во кабината биле пронајдени мали апарати за домаќинство, рачен алат, тепих, декорација на домот, шолји, чаши, сијалици, пакувања со разни кафиња и друга нова роба.

-Шверцуваната стока е одземена по итна судска постапка, а 26-годишниот возач на камион е казнет за сторен прекршок, соопшти српската Царинска управа.

Слични содржини