Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска во Брисел дека Приштина не сака да направи ништо за деескалација на конфликтот.
„Разговарав со специјалниот пратеник за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак. Не сум оптимист, нема причина да бидам“, изјави Вучиќ за медиумите по средбата со специјалниот пратеник на ЕУ.
„Како што реков, Приштина не сака да направи ништо за деескалација на сериозен начин“, рече претседателот, пренесе Пинк.