Загина пожарникар: Расте бројот на жртви во страшното невреме во Хрватска (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
223 прегледи

Бројот на загинати во невремето кое ја зафати Хрватска се искачи на четири, а на интернет се шират страшни видеа.

„Во невремето загина и пожарникар, две лица загинаа во Загреб, а едно во Славонија. Повеќе од 100 лица се повредени“, изјави Дамир Трут, директор на Дирекцијата за цивилна заштита за „Дневник.хр“.

Починатиот пожарникар бил на интервенција во Вуковарско-сремската жупанија.

Да потсетиме, во тек е санација на штетите и чистење на улиците во Загреб по страшното невреме. Штетите се собираат и во другите делови на Хрватска кои беа погодени од невремето.

Градот Загреб утрово испрати предупредување до граѓаните.

„Ги замолуваме граѓаните да избегнуваат посета на паркови за своја безбедност додека не се санираат опасните, навалени дрвја и гранки“, предупредуваат од Градот.

Силниот ветер носеше сè пред себе, гранки и лимени покриви, разни предмети, урнати оџаци, откорнати дрвја, градски улици и трамвајски сообраќај беа преоптоварени, а во Загреб и Загребската жупанија итните и комуналните служби имале повеќе од 1.300 интервенции.

Паднале и кранови и делови од покриви.

Слични содржини