Печени полнети тиквички

од Stefanija Kuzmanovska
457 прегледи

Состојки:

– 5 тиквички

– 3 чешниња лук

– 1 главица кромид

– 2-3 лажици маслиново масло

– 400 гр мешано мелено месо

– 2 лажици натопен ориз

– сол

– бибер

– магдонос

– мелен ѓумбир

– мелен коријандер

– мелен црвен пипер

– 1 јајце

Сос:

– 1 главица кромид

– 2-3 компири

– 2 лажици маслиново масло

– сок од домати

– средината на тиквичката

– сол

– бибер

– сечкана мајчина душица

Подготовка:

Исечете ги тиквичките на два дела и издлабете ги. На масло пропржете ги кромидот и лукот. Во сад измешајте ги месото, пржениот кромид, зачините, јајцето и натопениот ориз.

Сè убаво измешајте и наполнете ги тиквичките.

За сосот исечкајте ги останатите тиквички кои сте ги издлабиле и пржете заедно со кромидот. Се трга од оган, се додава сок од домати, ренданиот компир и зачините по желба.

Наредете ги тиквичките во земјена чинија и прелијте ги со сосот околу нив. Додадете уште половина литар вода за да ги покрие тиквичките.

Покријте со фолија и печете на 250 степени околу час и половина. Десетина минути пред крајот тргнете ја фолијата за се убаво да порумени.

Послужете со павлака или кисело млеко.

Слични содржини