Полска ја преместува армијата на исток од земјата поради присуството на „Вагнер“ во Белорусија

од Stefanija Kuzmanovska
249 прегледи

Полските власти одлучија да преместат воени единици на истокот на земјата поради присуството на паравоената група Вагнер во Белорусија, соопшти секретарот на Одборот за одбрана Збигњев Хофман.

„Комитетот анализираше можни закани, како што е дислокација на единиците на групата Вагнер. Затоа, министерот за национална одбрана, претседателот на Комитетот, Мариуш Блашчак, одлучи да премести наши воени формации од запад кон исток на Полска“, изјави Хофман, пренесува „Ројтерс“.

Тој додаде дека обуката или заедничките вежби на белоруската армија и паравоената група Вагнер „несомнено се провокација“.

Слични содржини