Американскиот претседател Џозеф Бајден е подготвен да го назначи адмиралот Лиза Франчети да ја води морнарицата, што ќе ја направи првата жена член на Здружениот Генералштаб на американската армија, според официјални лица од Министерството за одбрана.
Франчети би го заменила шефот на поморските операции, адмиралот Мајк Гилдеј, чиј четиригодишен мандат завршува оваа есен, објави „Политико“.
Франчети може да биде блокирана во Сенатот, бидејќи републиканскиот сенатор од Алабама, Томи Тубервил, сам блокираше повеќе од 270 воени унапредувања поради политиката на Пентагон за абортус.
Таа моментално служи како заменик-началник за поморски операции и моментално е број два во морнарицата.
Таа ја помина својата кариера во површински воени бродови, но е само втората жена што ја извршува функцијата заменик началник и е една од само неколкуте жени кои се искачиле на рангот со четири ѕвезди во американската војска.
При изборот на Франчети за функцијата, Бајден го отфрли секретарот за одбрана Лојд Остин, кој препорача друг офицер, адмирал Самуел Папаро, кој ја предводи американската Пацифичка флота, за таа работа.