ХРАНА КОЈА ШТИТИ ОД СОНЦЕ: Вклучете ја во вашата исхрана и зачувајте ја убавината и здравјето на вашата кожа

од Vladimir Zorba
396 прегледи

Високиот индекс на УВ зрачење не потсетува да не излегуваме од дома без производ со заштитен фактор. Но, како што се грижиме за нашата кожа како наш најголем орган, треба дополнително да се грижиме и за исхраната за време на летните горештини.

Храната што ја јадеме може да нè заштити од предвремено појавување на брчки, како и од изгореници од сонце, пишува „Love Your Self“ магазинот.

Храната која се препорачува да се консумира во сончеви денови треба да содржи витамини Б3, Ц и Е, како и масни киселини и полифеноли.

Овие намирници вклучуваат спанаќ, борови ореви, лубеница, грејпфрут, слатки компири, како и лосос, доматна паста и моркови, а зелениот чај е задолжителен пијалок.

1. Лосос

Иако во Македонија има малку луѓе кои ќе се одлучат да купат лосос поради „солената“ цена, оваа риба може да биде корисна и за време на летните горештини. Имено, лососот содржи омега-3 масни киселини, витамин Б3 и астаксантин, исклучително моќен антиоксиданс кој има антиинфламаторно дејство.

Според истражувањата, исхраната богата со омега-3 масни киселини од рибиното масло може да помогне во намалувањето на изгорениците од сонце.

2. Паста од домати

Омилениот летен зеленчук на многу луѓе е одличен извор на ликопен, кој може да игра улога во заштитата од изгореници. Според студијата, изгорениците од сонце биле значително помалку кај оние кои јаделе доматна паста дневно во текот на 10 недели.

Иако многумина претпочитаат свежи домати, утврдено е дека ликопенот од доматната паста подобро се апсорбира, особено кога се меша со маслиново масло.

3. Моркови

Бета-каротенот кој се наоѓа во морковите и другите портокалови зеленчуци и овошја може да обезбеди заштита од УВ зрачење. Но, за да уживате во оваа придобивка од морковот, треба да ги јадете седум недели.

Морковите се добар извор на лутеин, кој исто така штити од сончево зрачење.

4. Зелен чај

Овој пијалок е богат со полифеноли кои можат да бидат корисни за заштита од УВ зрачење. На Институтот за експериментална дерматологија во Германија, во студија во која учествувале само жени, се покажало дека секојдневното пиење зелен чај може да биде корисно за заштита од УВ зрачење.

Имено, жените кои учествувале во истражувањето, кои пиеле зелен чај 12 недели, успеале да ги намалат изгорениците од сонце за 25 отсто. Дополнително, нивната кожа станала поеластична, имала подобра циркулација на крвта и повеќе хидратација.

Слични содржини