Трагедија во Кина: Се урна покрив на гимназија, загинаа најмалку 10 лица (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
295 прегледи

Најмалку десет лица загинаа, а едно е сè уште заробено откако во неделата попладне се урна покрив на училишна сала во североисточниот кинески град Кикихар, објавија кинеските државни медиуми.

Во моментот на несреќата во салата имало деветнаесет лица. Четворица успеале да побегнат, а петнаесет останале заробени, покажуваат податоците од центарот за пребарување и спасување на градот. Во првичните извештаи не беше наведена возраста на жртвите.

Спасувачите се уште работат на спасување на преживеаните.

Прелиминарната истрага сугерира дека уривањето можеби е предизвикано од неправилно поставен градежен материјал наречен перлит, кој бил оставен на покривот на салата при градежни работи на соседна зграда.

Материјалот се здебелил откако ја апсорбирал водата што доаѓала од дождот и тоа довело до колапс, според прелиминарната истрага.

Одговорните за изградбата се во полициски притвор. Властите велат дека спроведуваат дополнителна истрага за случајот, пренесува Си-Ен-Ен.

Слични содржини