Легендарниот Мик Џегер во среда го слави својот 80-ти роденден, а се чини дека годините за пејачот се само бројка. Ѕвездата на Ролинг Стоунс планира да организира голема забава во Лондон во една од најстарите ботанички градини, а како што пренесува „Мирор“, планира да покани повеќе од 300 луѓе.
„Навршувањето 80 е голема пресвртница за секого и Мик сака да организира забава која никој нема да ја заборави“, открил изворот.
Инаку, славниот рокер минатата година беше на славеничката турнеја на Стоунс, на која беше одбележана 60-годишнината, а иако го прележа коронавирусот, Џегер не планира да застане.
„Не мислам дека уживањето во животот е ексклузивна привилегија на младите… Не мислите ли дека понекогаш е мудро да не пораснете?“, изјави неодамна пејачот.
Да потсетиме, Мик неодамна се вери со 43 години помладата балерина Мелани Хамрик (36). Двојката се запозна во 2014 година, на концертот на Џегер во Токио.
Пријателите на пејачката открија дека двајцата се во отворена врска, а пред шест години го добија синот Деверу. Мик има уште седум деца со пет различни сопруги, како и пет внуци и една правнука.
Претходно извор за американските медиуми откри детали од нивната врска.
„Мик целосно се промени. Претходно често менуваше девојки. Сепак, Мелани и Деверу одат на турнеја со него, па семејството е секогаш заедно. Тоа го прави среќен“, навел изворот за „Мирор“.