Искршено возилото на Митева – портпаролката на ВМРО ДПМНЕ (ФОТО)

од Nikola Popovski
441 прегледи

Утрово било искршено возилото на портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева. Митева објави фотографии од автомобилот на Фејсбук и кажа дека никој не може да ја заплаши.

-Понеделничкото утро на мене и мојата фамилија ни започна вака, го најдов моето возило искршено и демолирано. Очигледно се во паника и исплашени, па тргнаа да не заплашуваат и нас зошто знаат дека ќе има одговорност за сите криминали. Ако некој мисли дека пораката е примена, можам само да ви порачам дека ваквите методи кои се одлика на страв предизвикуваат поголема храброст и кај мене и кај ВМРО-ДПМНЕ. Сега сме 100% уверени дека сме погодиле точно во сржта, а да знаете одговорност ќе има, напиша Митева на социјалните мрежи.

Митева е воедно и членка на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Во саботата беше опожарено и возилото на вицепремиерот Артан Груби, кое се водело на името на неговиот сосед.

Слични содржини