Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити денеска ја посети Клиниката за државна кардиохирургија, каде е хоспитализиран пациентот кој пред пет дена доби нова шанса за живот по извршената трансплантација на срце.
Меџити изразил силна благодарност до лекарскиот тим кој спаси 4 животи и до семејството на дарителот кое го препознало органодарителство како највисок акт на хуманост.
Горд сум што спасивме четири животи и испишавме историја во македонското здравство! На моја голема радост четириесетгодишниот пациент од Скопје во чии гради сега чука ново срце, во моментов се наоѓа во стабилна здравствена состојба, а во стабилна состојба се и останатите трансплантирани пациенти, изјавил Меџити.
Од пред пет дена ново срце почна да чука во градите на 40 годишен пациент од Скопје. Нова шанса за живот и црн дроб доби пациент со хронична црнодробна болест, а двајца пациенти на дијализа добија бубрези.