Чешката Република за прв пат ќе испрати свој амбасадор во Приштина, 15 години по признавањето на независноста на Косово, соопшти денеска чешкото Министерство за надворешни работи.
Претседателот на Чешката Република, Петр Павел на предлог на Владата го именуваше Бохумил Мазанек за амбасадор во Република Косово.
Досега дипломатската мисија во Приштина ја водеше вршител на должност, пренесува „Репортери“.