Здравство бара од Владата 22 нови возила за Брза помош

од Nikola Popovski
252 прегледи

Министерот за здравство, Фатмир Меџити денеска ја посетил службата за Итна медицинска помош во рамки на ЈЗУ Здравствен дом Скопје, со цел да се информира за нејзината работа која е со зголемен обем поради високите температури кои ја зафатија земјава.

Како што истакнал, службата за Итна медицинска помош игра клучна улога во обезбедувањето на навремена и соодветна здравствена заштита за пациентите и токму затоа Министерството за здравство работи на унапредување на нејзините капацитети.

Меџити информира дека Министерството за здравство доставило барање до Владата за набавка на нови 22 возила за потребите на Итната медицинска помош, кои се планира да бидат распределени во целата држава со цел да се обезбеди уште поефикасна здравствена заштита за пациентите.

Слични содржини