Украинската Служба за безбедност призна: Одговорни сме за експлозијата на Кримскиот мост во 2022

од Nikola Popovski
309 прегледи

Украинската Служба за безбедност за првпат официјално призна дека стои зад експлозијата што во октомври минатата година сериозно го оштети мостот преку Керченскиот теснец што ја поврзува Русија со украинскиот полуостров Крим, кој го анектира.

Во експлозијата, за која руските власти тврдат дека била предизвикана од камион-бомба, загинаа три лица.

Шефот на украинската безбедносна служба, Васил Маљук за националната телевизија на неговата земја изјави дека службата ја презема одговорноста за нападот на мостот, кој Русија го изгради по анексијата во 2014 година за да биде нејзина копнена врска со Крим.

Имаше многу различни операции, специјални операции. За некои од нив ќе можеме јавно и гласно да зборуваме по победата, а за некои воопшто нема да зборуваме. Ова е една од нашите акции, поточно уништувањето на мостот на Крим на 8 октомври минатата година, рече Маљук.

Минатата недела беше извршен уште еден напад во кој загина брачен пар, а нивната ќерка беше тешко повредена. Оштетувањето на мостот повторно беше големо, но очигледно помалку од она предизвикано од експлозијата минатиот октомври. Украинската служба не го коментираше неодамнешниот напад.

Мостот над Керченскиот теснец има огромно стратешко и психолошко значење за Москва. Преку него се снабдуваат Крим и руската армија на окупираните украински територии, а се потврдува и контролата на Кремљ над анектираниот полуостров.

Слични содржини