Зеленски: Украина подготвува чекори за брза реинтеграција на Крим

од Stefanija Kuzmanovska
252 прегледи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина подготвува чекори за брза реинтеграција на Крим во своето државно ткиво.

„Во август ќе одржам неколку важни состаноци за подготовка на меѓународни настани, вклучувајќи ја и Кримската платформа. Подготвуваме и листа на чекори за деокупација на Крим. Сеопфатни чекори: безбедносни, економски и социјални. Можеме брзо да го реинтегрираме Крим во државното ткиво на Украина“, рече Зеленски во видео обраќање, пренесува „Укринформ“.

Според него, „руските окупатори“ треба да размислат за тоа дека, додека мостот на Крим е донекаде оперативен, „подобро е да се вратат дома во Русија“.

Слични содржини