Бредли Купер не е среќен поради новата љубов на Ирина Шајк

од Stefanija Kuzmanovska
716 прегледи

Откако врската помеѓу НФЛ ѕвездата и руската убавица излезе на виделина, нејзиниот поранешен партнер, холивудскиот актер и режисер Бредли Купер, не дели премногу ентузијазам за нејзината нова романса.

Фотографиите од Ирина Шајк како се пријавува во автомобилот на Том Брејди по ноќта помината во неговата палата во Лос Анџелес минатиот викенд, го обиколија светот, а сега е откриено што мисли таткото на ќерката на Ирина за нивната романса.

Според извори блиски до Бредли Купер, актерот е многу „конфликтен“ во врска со нејзиниот последен љубовен интерес.

Со руската убавица, 48-годишниот Купер започна љубовна врска во 2015 година, а две години подоцна станаа родители на малото девојче Леа де Сејн.

Откако ја прекинаа четиригодишната врска во 2019 година, постојано кружат гласини дека решиле да ѝ дадат втора шанса на својата љубов, бидејќи во многу наврати биле видени како поминуваат време заедно.

Сега кога Ирина продолжи понатаму со 45-годишниот Брејди, ѕвездата од „Мамурлак“ не го крие своето незадоволство.

„Би било лага да се каже дека врската на Ирина со Том не му пречи. Таа е мајка на неговото девојче и тие се неговите две омилени жени во светот. Во Том за првпат препозна некој кој може засекогаш да ја одвои Ирина од него“, открил извор близок до холивудската ѕвезда.

Што се однесува до поранешната сопруга на Том, колешката на Ирина, Жизел Бундхен (43), која помина повеќе од една деценија со ѕвездата на НФЛ пред да потврдат дека се разведуваат во октомври 2022 година, на неа „воопшто не ѝ пречи“ неговата романса со Русинката бидејќи таа „продолжи понатаму“.

Според извор близок до бразилскиот супермодел, на неа не ѝ пречи романсата на Том со Ирина „се додека тие се однесуваат со љубов кон децата“.

Слични содржини