Американскиот претседател Џо Бајден тајно им наредил на САД да почнат да ги предаваат доказите за руските воени злосторства во Украина до Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг, објави денеска „Њујорк Тајмс“, повикувајќи се на добро информирани извори.
Според извори блиски до администрацијата во Вашингтон, ваквата одлука на американскиот претседател укажува на сериозни промени во американската политика, пренесува „Укринформ“.
Пентагон претходно тврдеше дека предавањето докази на МКС потенцијално може да доведе до гонење на американската војска.