227
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ја посети црквата „Преображение Господово“ во Одеса, која беше тешко оштетена во напад на руските сили ноќта на 23 јули, соопшти прес-службата на украинскиот претседател.
Како што се наведува, Зеленски бил информиран за степенот на уништувањето на храмот и неговата моментална состојба.
Зеленски навел дека експертите треба да ја утврдат можноста за обновување на храмот, пренесува „Интерфакс Украина“.