Навивачи на Левски собираа пари на арената „Тодор Проески“ за да ги платат казните на приведените (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
680 прегледи

МВР вчера уапси 19 бугарски навивачи пред и за време на натпреварот меѓу Шкупи и софиски Левски. Од нив, осум лица за насилство на спортски натпревар, две лица за физички напад на полициски службеници кои вршеле службени дејства, а девет поради агресивно однесување кон нив.

Од ОЈО информираа дека навивачите биле процесуирани прекршочно. Сепак се уште не е познато дали се уште се во земјава или се ослободени за да го продолжат својот пат назад за Бугарија.

По тој повод, синоќа навивачите на Левски кои беа на трибините, одбија да го напуштат стадионот „Тодор Проески“, се додека не се ослободат навивачите приведени од полицијата. Како што може да се види од видеото објавено на социјалните мрежи, фановите почнале да собираат пари за да ги платат казните на своите пријатели со надеж дека ќе бидат ослободени.

Видеото можете да го погледнете ОВДЕ.

Слични содржини