Во земјава не може странци да завршат работа, порача Ковачевски

од Nikola Popovski
343 прегледи

Во Северна Македонија не може странци да завршат работа. Тоа е работа која може да ја завршат само македонски политичари без разлика од која партија доаѓаат, кажа денеска премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање.

Ковачевски истакна дека клучната порака за евентуалните уставни измени е дека ако се погледнете дискусијата во јавната комуникација, ќе се види дека нема ниту една забелешка на амандманите. Како што порача, не задираат во ниту едно идентитетско прашање – се работи за техничка измена на Уставот.

Според него, со тоа се демантираат лагите дека ќе се бугаризира македонскиот народ, „освен од неколку платени руски ботови и платени политичари и аналитичари, кои што тоа мораат заради финансиски средства да го говорат“.

Ако досега ветото за С. Македонија за евроатлантските интеграции доаѓаше од надвор, денес за првпат ветото може да дојде од внатре од политички партии кои декларативно кажуваат дека се за интеграција, а историски имаат докажано дека се против евроатлантските интеграции. За првпат имаме политичари после 32 години независност кој што вели дека европската агенда не е иста со македонската. Тоа досега ниту еден политичар не го кажал. Тоа значи дека има некаков друг план во однос на интеграцијата на државата, кажа Ковачевски.