Twitter неодамна беше ребрендиран како X во обидот на новиот сопственик Елон Маск да ја трансформира платформата за социјалните медиуми во сосема нова апликација. Сепак, ребрендирањето предизвика незадоволство кај многу корисници, а во продолжение ви пренесуваме инструкции како да ја вратите кутрата сина птица.
Одлуката на Маск да го смени името на Твитер во Х наиде на многу критики, а многу корисници ја изразија својата фрустрација поради генеричкото лого X, но ги задржаа зборовите „Твитер“ и „твит“ на самиот сервис. Оваа мешавина на старо и ново брендирање предизвика бурни реакции, главно од тврдокорните и долгогодишни корисници кои копнеат за деновите на Твитер пред Маск.
Во потег што ги возбуди многу корисници на Твитер, развивачот на софтвер со прекар Cygaar создаде екстензија за Chrome што ја заменува заштитната марка X на Маск со класичното лого на птица на Twitter. Екстензијата, која можете да ја најдете на GitHub, брзо се здоби со популарност меѓу корисниците кои сакаат да вратат дел од стариот изглед на Twitter.
Бидејќи екстензијата сè уште не е во официјалната понуда и базата на податоци за достапни екстензии за Chrome, ќе мора да ја инсталирате рачно. Можете да видите како да го направите тоа преку овој линк.
Се разбира, откако ќе ја вратите потписната птица на овој начин, таа ќе биде видлива само за вас, и само на Chrome во кој сте ја додале.
Ребрендирањето на Твитер од Маск не е без правни проблеми.
Во меѓувреме, Маск го смени официјалното име на платформата од @Twitter во @X. Gene X Hwang, оригиналниот сопственик на сметката @x, тврди дека Маск ја презел без да плати.
Носталгичните корисници на Твитер можат да ја инсталираат екстензијата на Cygaar за да вратат барем мал дел од стариот Твитер.