Катар ќе обезбеди 100 милиони долари хуманитарна помош за Украина

од Vladimir Zorba
242 прегледи

Катар ќе и обезбеди на Украина хуманитарна помош од 100 милиони долари за поддршка на здравството, образованието и деминирањето, изјави денеска украинскиот премиер Денис Шмихал.

Тој го соопшти ова по разговорот со катарскиот премиер шеикот Мохамед бин Абдулрахман ал Тани, пренесе Ројтерс.

Шеикот Мохамед се сретна и со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, со кого разговараше за глобалната безбедност на храната и Црноморскиот договор, чиј мандат истече.

Слични содржини