Дронови ја погодија Москва, едно лице повредено, летовите прекинати (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
225 прегледи

Украински беспилотни летала удриле во Москва рано во неделата, при што е повредено едно лице и оштетени се згради, а летовите на аеродромот „Внуково“ се прекинати, јави агенцијата ТАСС, повикувајќи се на официјални извори.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека украинско беспилотно летало е уништено во воздух над областа Одинцово, а уште две се урнале во Москва, пренесува ТАСС.

Едно лице е повредено во експлозијата во зградата, јави ТАСС, повикувајќи се на итните служби.

Аеродромот е затворен за пристигнувања и полетувања, соопшти агенцијата.

Градоначалникот Сергеј Собјанин претходно изјави дека фасадите на две деловни згради се оштетени, но дека нема жртви, пренесува ТАСС.

Украинската влада не одговори веднаш на барањето за коментар.