Се откажуваме и од ветувањето за премиер Албанец за доброто на граѓаните, вели Груби за оставките на ДУИ

од Nikola Popovski
395 прегледи

Одлуката за оставки на министрите и функционерите од ДУИ се во функција на интеграциите на Северна Македонија во ЕУ, изјавил министерот за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби во интерју за косовската телевизија Т7.

Според него, со депонирањето на оставките и најавата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети – се отвора патот за опозицијата за да гласа за уставните измени.

Одговарајќи на новинарско прашање, Груби рекол дека со вчерашната одлука ДУИ се откажува и од ветувањето дадено на последните парламентарни избори за премиер Албанец во Северна Македонија, и тоа го прави „за доброто на граѓаните и во полза на интеграцијата во ЕУ“.

Груби додал дека одлуката за оставки на министрите не е ненадејна, бидејќи определба на на ДУИ и нејзиниот лидер Ахмети за целосна интеграција на С Македониај во ЕУ не е ниту од денеска ниту од вчера, туку, како што додва првиот вицепремиер, е актуелна уште од основањето на партијата.

Министрите од ДУИ поднесоа условни оставки до премиерот, кои ќе стапат на сила кога опозициската ВМРО ДПМНЕ ќе гласа за амандмани за внесување на Бугарите во Уставот.

Излегувањето на ДУИ од Владата како услов го постави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на средбата со премиерот Димитар Ковачевски во Клубот на пратеници на 7 јуни.

Владеачката коалиција го започна процесот на уставни измени за воведување на Бугарите во Уставот со цел да се исполни оваа обврска за продолжување на преговорите со Европската унија до крајот на ноември, но, според министерот за надворешни работи и потпретседател на ДУИ Бујар Османи ѝ недостигаат осум гласа за потребното двотретинско мнозинство во парламентот со 120 пратенички места.

Во јули 2022 година, Северна Македонија ја започна првата фаза од преговорите со Европската унија во Брисел, но за да премине во втората фаза и да почне да ги отвора поглавјата, мора да ги вклучи Бугарите во Уставот до крајот на скринингот, за што владеачката коалиција ја нема потребната поддршка од ВМРО-ДПМНЕ, која секојдневно повторува дека „не се согласува на промени според бугарскиот диктат“ и бара предвремени избори.

Слични содржини