195
На 31.07.2023 околу 02.00 часот на плажа во близина на Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Т.(34) од Охрид. При преглед во возилото „бмв“ со охридски регистарски ознаки, кое го управувал, полициските службеници пронашле и одзеле кокаин и марихуана.
Подоцна, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и метален грендер со остатоци од марихуана.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.