ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Бомбаш самоубиец усмрти 54 лица, снимен моментот на експлозијата

од Stefanija Kuzmanovska
433 прегледи

Бројот на загинати во нападот на бомбаш самоубиец на митингот на проталибанскиот политичар Фазлур Реман во Бајур, Пакистан се искачи на 54.

Погреби се одржуваат ширум Пакистан, а владата вети дека ќе ги фати оние што стојат зад смртоносниот напад, за кој сè уште никој не ја презеде одговорноста.

Пакистанската полиција соопшти дека првичната истрага покажала дека регионална фракција на Исламската држава може да биде одговорна за овој напад на изборен митинг на антиталибанската исламска партија Џамијат Улема, која ја предводи тврдокорниот свештеник и политичар Фазлур Реман.

Десетици лица кои се здобиле со полесни повреди се пуштени од болница, додека тешко ранетите со воени хеликоптери се префрлени во главниот град на провинцијата Пешавар.

„Бројот на жртви продолжува да расте бидејќи тешко ранетите жртви на бомбашкиот напад умираат во болниците“, изјави лекарот Ѓул Насиб за „Ројтерс“.

Реман не присуствуваше на вчерашниот митинг одржан под голем шатор во близина на пазар во областа Бајур во провинцијата Хајбер Пахтунхва, која граничи со Авганистан.

Реман, долгогодишен поддржувач на авганистанската талибанска влада, избегна најмалку два бомбашки напади – во 2011 и 2014 година, кога неговите возила беа оштетени во експлозии.

Слични содржини