Повлекувањето на досегашниот амбасадор во Јапонија беше спроведено во редовна постапка, согласно законските прописи и внатрешните уредби во Министерството за надворешни работи и со почитување на сите процедури, соопштија од МНР.
Посочија дека Комисијата во рамките на Министерството, како причини за повлекувањето на амбасадорот констатираше причини кои не се совпаѓаат со нападите изнесени од страна на ВМРО-ДПМНЕ и нивните претставници.
„Со пласирањето шпекулации и непроверени наводи кои не се потврдени, се нанесува лична штета кон човекот, кон неговото семејство, и неговите блиски; со ова однесување ВМРО-ДПМНЕ не само што го изгуби човечкиот компас, туку и директно ѝ нанесува штета на дипломатијата и на односите со пријателска земја како што е Јапонија“, истакнаа од Министерството во својата реакција.