ДУИ го оцени како историски чекор пуштањето во употреба на заедничкиот граничен премин со Албанија

од Vladimir Zorba
245 прегледи

Демократската унија за интеграција го оценува како историски чекор пуштањето во употреба на заедничкиот граничен премин со Република Албанија во Ќафасан со една контролна точка (One Stop Shop).

„Овој модел на функционирање е одраз на еден прогресивен пристап на двете држави за натамошно продлабочување на меѓусоседските односи преку поедноставување на бирократските процедури и олеснување на движењето на граѓаните и стоките.

Овој систем на вршење гранична контрола е уште едно реализирано ветување од нашата програма за елиминирање на долгите колони, зајакнување на меѓусебната економска соработка и соработката во областа на туризмот.

Овој проект, заедно со најголемиот инфраструктурен проект во историјата на државата, Коридорот 8, ќе има огромно влијание врз подобрувањето на оперативните капацитети на компаниите и  значително ќе влијае на економскиот развој на нашите земји.

Заедничката благосостојба е можна само кога си олеснуваме еден на друг, кога размислуваме и дејствуваме заедно без бариери на патот на заедничкиот развој.

Демократската унија за интеграција како дел од владината коалиција останува посветена на имплементација на овој современ модел на сите други гранични премини со нашите соседи.

Потребно е единство за надминување на предизвиците и исполнување на целите за поквалитетен живот“, истакнаа од ДУИ.

Слични содржини